Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола, бил еден од главните кандидати да седне на селекторската клупа на Бразил, но договор не бил постигнат бидејќи шпанскиот стратег барал годишна плата од 24 милиони евра, тврди поранешниот прв човек на бразилскиот фудбал Франциско Новелет.
Селекцијата на Бразил ја предводи 61-годишниот Тите, кој има важечки договор до крајот на оваа година.
Бразилскиот медиуми наведуваат дека Тите од следната година нема да биде веќе селектор независно од резултатот што ќе го оствари неговата репрезентација на Мундијалот во Катар.
Фудбалската федерација на Бразил (CBF) бара нов селектор, а извесно е дека тоа ќе биде бразилски тренер.
Поранешниот претседател на CBF, Новелет, меѓутоа, тврди дека Гвардиола бил меѓу кандидатите за нов селектор.
-Гвардиола беше подготвен да ја преземе селекцијата на Бразил, но договор не беше постигнат. Проблемот искрсна околу заработката на Гвардиола, бидејќи тој бараше годишна плата од 24 милиони евра. Бразилците беа подготвени да му понудат двојно помалку, изјави Новелет за бразилските медиуми.