Жиру: Ова ми е последно СП и сакам да ја одбраниме титула

Францускиот фудбалски репрезентативец Оливие Жиру најави дека претстојното Светско првенство (СП) во Катар ќе му биде последно во кариерата.

-На СП доаѓам како играч, кој сосема сигурно последен пат ќе настапи на еден Мундијал. Многу сум мотивиран, како да ми е прв пат. Сакам да уживам во секој момент. И, секако, сакаме да ја одбраниме титулата”, изјави Журу.

-Ќе дадам 200 отсто за тимот. За мене е еден вид благослов што ќе имам шанса да играм за својата земја на трето СП. И натаму сум гладен за трофеи, додаде 36-годишниот Жиру.

Франција во Катар ја почнува одбраната на светската титула во група со Австралија, Данска и Тунис.

Треба да знаете
Последни објави