Катар не бира средства да го забрани алкохолот, на Светското првенство и покрај тоа што е договорено тој да биде дозволен во специјалните навивачки зони, но и на стадионите три часа пред почетокот на натпреварите.
Еден од главните спонзори на ФИФА е американскиот „Бадвајзер“. Доколку Катар успее во намерите да го забрани алкохолот, ФИФА ќе се соочи со тужба од „Бадвајзер“, а сигурнор и дека американската компанија ќе побара раскин на договорот на шетат на ФИФА.
Според медиумите, ова е обид на владата во Доха, поточно на кралското семејство, во последен момент да ги промени правилата на игра. Им пречело што промотивните штандови за продажба, како и рекламите се премногу изложени и паѓаат во очи.
Да беше по желба на семејството Ал Тани во Катар, никаде не би можеле да пиете алкохол, освен во ВИП кутиите кои чинат повеќе од 22.000 долари по натпревар.
Алкохолот секако е забранет во оваа конзервативна исламска земја, но за разлика од, да речеме, Саудиска Арабија и Кувајт, тој се служи во некои хотели.
Алкохолот во фан зоните ќе се продава само попладне и навечер по астрономски цени, околу 14 долари за шише. Има и посебни зони каде навивачите ќе можат да се трезнат, но нема да можат да влезат на стадионот. Исто така, Катар предупреди дека нема да биде дозволена каква било манифестација на ЛБГТ ориентацијата.
Да потсетиме, домаќинот го смени календарот на одржувањето на Мундијалот и успеа да издејствува Катар да го игра првиот меч во групата, кој ќе го отвори СП. Од Англија вчера стигнаа обвинувања дека Катар за 7.000.000 евра го наместил мечот со Еквадор, кој ќе се одигра в недела.