На единствениот натпревар во пресрет на Светското првенство селекцијата на Белгија доживеа пораз од Египет.
Белгија и Египет се сретнаа во пријателски натпревар кој се играше во Кувајт. „Фараоните“ предводени од Мохамед Салах славеа победа од 2:1 против Белгијците излегоа со комбиниран состав, но стартниот состав сепак имаше и неколку првотимци меѓу кои и Кевин Де Брујн од Манчестер Сити.
До водство Египет стигна после половина час игра преку Мохамед Мустафа, само по неколку секунди игра во второто полувреме Салах испрати долга топка за Трезеге кој погоди за 2:0. На почетокот на вториот дел селекторот на Блегија направи повеќе измени. Еден Азар на теренот беше до 71. минута меѓутоа не се истакна премногу. Замените на Мартинез донесоа само еден почесен гол кој го постигна Опенда на 15 минути до крајот на натпреварот.
Ќе потсетиме, Египет не се избори за пласман за Светското првенство, додека Белгија ќе игра во група, Канада, Мароко и Хрватска.
Србија се набилда со оптимизам пред стартот на Мундијалот во Катар и забележа убава победа против Бахреин од 5:1 во пријателски меч и Генералка пред стартот на шампионатот.
Душан Тадиќ покажа дека ќе биде лидер на Орлите кои имаат големи амбиции во Катар, а на велемајсторски начин погоди во осмата минута од слободен удар.
Играчот на Ајакс пак беше прецизен во 50. минута за 2:0 по асистенцијата на Душан Влаховиќ.
Напаѓачот на Јувентус и еден од големите адути на Србија се врати на терен по паузата поради повреда и веднаш покажа дека е подготвен за мундијалскиот предизвик.
Влезе во игра во 46. минута, само 240 секунди подоцна му асистираше на Тадиќ, а во следната 51-ва минута и сам ја погоди мрежата на Бахреин. Велемајсторски со петица му асистираше Тадиќ, а Влаховиќ рутински погоди.
Филип Ѓуричиќ погоди за 4:1 за Србија во 87. минута, а конечниот резултат 5:1 го постави Лука Јовиќ во 90. минута по втората асистенција на Влаховиќ.
Србија е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија во првата фаза по групи на Мундијалот во Катар.