Ракометарките на Данска се првиот финалист на Европското првенство откако во полуфиналето ја совладаа Црна Гора со 27:23.
Натпреварот започна со одлична игра на Црногорките кои поведоа со 3:6, но потоа следуваше пад по кој Данска направи серија од 8:1 и целосно го сврте резуилтатот во своја корист и поведе со 11:7. На пауза заминаа со четири гола предност (14:10).
Второто полувреме донесе малку надеж за ракометарките на Бојана Поповиќ. Играа подобро во нападот и реализираа па дојдоа до 14:14, сепак тука Данска повторно го прикажа својот квалитет и набрзо имаа водство од 20:15. Од тој момент Црна Гора не успеа да се врати во натпреварот, па Данска го обезбеди натпреварот во кој ќе се борат за трофејот.
Најфикасни на натпреварот беа Ема Фрис и Итана Грбиќ со по седум постигнати гола. За Данска ова ќе биде прво финале на Европско првенство после десет години, а ќе игра против подобриот од мечот Норвешка – Франција.