Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, кој против Финска го постигна израмнувачкиот гол од пенал (1:1), пред вториот ноемвриски тест, утре (14 ч.) во Скопје со Азербејџан, не крие дека на „црвено-жолтите“ им е потреба победа.
Македонија е во серија од три меча е без победа, а исто толку натпреаври нема постигнато гол од игра. Затоа победата им е повеќе од потребна за да ја вратат самодовербата и победничкиот дух, пред да почне новиот квалификациски циклус во март идната година за ЕП-2024 во Германија. За овие квалификации Македонија се најде во „групата на смртта“ со двата финалисти од последнот ЕП-2020, Италија и Англија, како и Украина.
-Нема фаворити денеска во фудбалот. Ставивме акцент на анализа на грешките кои ги направивме и сето тоа да го поправиме. Мора да одиграме сконцентрирано. Нам ни треба победа за да ја кренеме атмосферата на едно ниво кое ни е потребно за тоа што нè чека во март, вели Бадри.