Словенечкиот кошаркарски интернационалец во најсилната НБА-лига, Лука Дончиќ успеа да го надмине легендарниот Меџик Џонсон за еден натпревар со своето остварување на 50. трипл-дабл во кариерата. Дончиќ во трумфот на Далас против Денвер (127:99) имаше скор од 33 поени, 12 скока и 11 асистенции. За ваквиот скор на Дончиќ му беа потребни 278. натпревари во најсилната кошаркарска лига на светот. Само Оскар Робинсон (111) е пред Дончиќ со побрзо вакво постварување.
-Тој уште сега ја менува историјата и влегува во книгите за рекорди. Тоа е навистина кул. Достигнувањето на Оскар е навистин неверојатно, така што тоа што Лука е веднаш за него покажува за колку посебен играч се работи“, изјави тренерот на Мавс, Џејсон Кид, кому му беа потребни 649 меча да стигне до 50 трипл-дабл мечеви во неговата играчка кариера.
Мечот со Нагетс исто така беше 25. пат што Дончиќ имал барем 30 поени во трипл-дабл, со што е петти во историјата, зад Робертсон, Расел Вестбрук, Леброн Џејмс и Џејмс Харден. 23-годишниот Словенец, кој е најдобар стрелец во НБА оваа сзона, не беше премногу воодушевен.
-Секако, убаво е чувството. Секогаш кога ќе ме прашате го имам истиот одговор – задоволство е. Јас сум сам среќен што го правам ова, вели Дончиќ, кому ова му е петта НБА сезона.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Мајами 107:106, Кливленд – Шарлот 132:122, Чикаго – Орландо 107:108, Филаделфија – Милвоки 110:102, Хјустон – Индијана 91:99, Мемфис – Оклахома 121:110, Далас – Денвер 127:99, Њу Орлеанс – Бостон 109:117, Јута – Финикс 134:133, Голден стејт – Њујорк 111:101, ЛА лејкерс – Детроит 128:121.