Италијанецот Даниеле Орсато ќе го суди првиот натпревар на Светското фудбалско првенство во Катар кое почнува утре, објави ФИФА.
Натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор ќе се игра на стадионот Ал Бајт со почеток во 17 часот.
Со своите 46 години Орсато е еден од најискусните судии на меѓународната сцена.
Со знакот на ФИФА суди од 2019 година, а на последното Европско првенство ја делеше правда на три натпревари.
На клупска сцена последен пат беше главен судија на дуелот од Лигата на шампиони меѓу Лајпциг и Реал Мадрид.