Вклучувајќи ги Френки Наклс, Гери Халивел и Goldie, новата книга на фотографката Сула Петру, со наслов „Патувањето на еден музички фотограф,“ се фокусира на иконите и пионерите на музичката сцена од 1990-тите и 2000-тите години.
Supergrass, Metro magazine, the Saturday Times, Лондон, 1997
Книгата „Патувањето на еден музички фотограф“ преку кадрите од животот, или кардите од клубската сцена, направени за списанија како што се Mixmag, DJ magazine, Touch и the Face, го прикажува уникатниот и оригинален портрет на фотографката Сула Петру, нејзината рана кариера, како нов талент, паралелно со еволуцијата на музичките жанрови.
Goldie во неговиот стан за DJ magazine, Лондон, 1994 година
Книгата содржи низа уметници, вклучувајќи ги пионерите и иконите на денс музиката како Френки Наклс, Orbital, Underworld, General Levy и Goldie, како и Гери Халивел пред нејзината слава во Spice Girls.
Гери Халивел, Battersea, Лондон, 1994 година
Гери пред Spice Girls. Петру за неа вели: „Младата жена дојде во мојот дом, завршивме успешно снимање, а потоа виде неколку тарот карти на мојата маса. Таа ме замоли да ја предвидам нејзината иднина. Апсолутно ништо не ѝ предвидов, но за жал, јас сум лоша гатачка, бидејќи младата жена беше Гери Халивел, која неколку години подоцна стана членка на Spice Girls, единствената најпозната и најуспешна женска група во тоа време. Сепак, добро е да се знае дека некои соништа се остваруваат!“
Blur на покрив од хотел во Стокхолм, Шведска, за Metro magazine, the Saturday Times, 1997 година
Родена во 1964 година во Лидс, Обединетото Кралство, од родители кипарски Грци, Сула Петру како млада девојка поминала часови во нејзината спална соба, сликајќи со маслени бои, но била нетрпелива чекајќи бојата да се исуши, па кога добила фотоапарат Полароид за нејзиниот 10-ти роденден , открила дека овој медиум повеќе одговара на нејзиниот ненаситен апетит за визуелно истражување.
Тод Тери за Defected Records, Мајами, 2007 година
„Кадрите на Тод Тери се уште еден пример за композит, Однапред планиравме да го снимаме во студио, со машина за чад, и потоа да го поставиме на улица во Мајами навечер, користејќи Фотошоп. Секогаш претпочитам ваков тип на снимање на самото место, но поради работните обврски Тод немаше слободни вечери за време на WMC [Зимска музичка конференција] и ова беше единственото решение.
Пол и Фил Хартнол од Orbital за насловна страница на DJ magazine, Holborn Studios, Лондон, 1999 година
„Orbital го поддржува проектот и ќе го промовира на нивните социјални мрежи следната недела бидејќи јас ги имам прикажано на корицата на мојата книга” вели Сула Петру.
Софи Елис-Бекстор, насловна страница на Ministry magazine, Лондон, 2000 година
Алексис Петридис, поп-критичар на Guardian, дава вовед во книгата на Петру. Тој пишува: „Сула беше таму во жижата на денс-сцената од 1990-тите: витална компонента во поп-културниот микс на деценијата, што некако му доаѓа како (книгата) да е испишана од историјата, дваесет и нешто години подоцна. Денес, сè уште слушате многу за Britpop и Cool Britannia, но помалку за Chemical Brothers, Orbital, Fatboy Slim или Goldie, и покрај милионите продадени албуми, клубовите и фестивалите што ги полнеа – а во некои случаи и продолжуваат да ги полнат.
Танчери на забавата на Defected Records за време на WMC Мајами, 2009 година
Петридис продолжува: „По три децении, сè уште живееме во Британија обликувана од асид хаус музиката и нејзините последици во сите сфери; од навиките за користење дроги до нејзиниот сленг, до работните средини со нивните простори за одмор и зони за “кулирање”. Фотографиите на Сула ги доловуваат пионерите на сцената – непристрасната насмевка на покојниот Френки Наклс, кумот на хаус музиката – нејзините познати личности и нејзините фанови.”
Изведувачи на фестивалот Big Chill, Mixmag, Лондон, 1995 година
Петру ја гледа книгата како нејзин придонес во заштитата на наследството на денс-музиката. Таа вели: „Оваа книга е почит на нашата денс-култура и нашите музички херои.“
Pizzaman со Тим Џефери од Skint Records за Mixmag, Брајтон, 1995 година
Петру вели: „Ангажманот даден од Mixmag ме одведе во Брајтон за да го фотографирам Норман Кук (порано од The Housemartins) чијашто неодамнешна инкарнација беше како дел од Pizzaman. Токму на ова патување новинарот откри дека Норман Кук бил и Fatboy Slim, кој продолжи да го популаризира жанрот биг-бит.
General Levy, насловна корица на списанието Touch, Лондон, 1994 година
„Заминав во северен Лондон за да го снимам мојот прв музички портрет – на британскиот уметник General Levy. Неговата композиција „Incredible” стигна до 8-то место на топ-листата нa синглови во Обединетото Кралство и беше песната што ја пренесе џангл или драм-ен-бејс музиката од нејзините андерграунд корени кон нејзиното прво комерцијално признание. На мое изненадување и задоволство, сликите беа искористени на насловната страница на Touch и мојата кариера оттаму почна драстично да напредува. Започна со мелодијата наречена „Incredible” (неверојатно), и токму така ми беше и мене – неверојатно патување, кое уживав да го премотувам назад во мојот ум.“
Френки Кнуклс за Defected Records, Мајами, 2007 година
„Имав задоволство да ги фотографирам Френки и другите диџеи од Def Mix Productions за нивниот 20-годишен јубилеј во Мајами. Беше реткост да се добијат сите истовремено – Френки Наклс, Хектор Ромеро, Сатоши Томии и ко-основачот Дејвид Моралес – во иста просторија. Се чувствував почестено. Многу се забавувавме тој ден, Френки ми ја даде, како што ја нарече, неговата „поза на Дајана Рос“. Сите фотографии презентирани овде се мои привилегирани моменти со уметниците.
Goldie во толпата на AWOL, Ministry of Sound, DJ magazine, Лондон, 1994 година
„Тоа беше катарзично искуство, да се уредуваат сликите за оваа книга, и целосно задоволство да ги премотувам спомените што ми го преплавија умот, секоја слика враќајќи уникатно чувство на носталгија, заедно со возбудата од откривањето на Голди во толпата клабери. Накратко, тоа ме одржуваше при здрав разум за време на пандемијата и ми овозможи да се сетам на забавните времиња поминати со уметниците прикажани овде“.
Underworld во зоолошката градина во Лондон, 1999 година
При завршувањето на книгата, Сула ја слушнала трагичната вест дека нејзиниот поранешен уредник и пријател од Mixmag, Дом Филипс, бил убиен во Амазон додека се обидувала да ја разоткрие бедната состојба на домородните луѓе. Таа планира да донира 20% од профитот од продажбата на книгата на Униваја, хуманитарна организација која ги штити правата на домородните луѓе кои живеат во долината Јавари на Амазон.
Превод: Марина Туфекчиевска
Слики: Soulla Petrou
Извор: окно.мк