Во финалето на Европското првенство за ракометарки во Љубљана ќе играат репрезентациите на Норвешка и Данска.
Данска дојде до своето прво европско финале по пауза од 18 години со триумф во полуфиналето над Црна Гора со 27-24.
Норвешка, која е актуелен европски и светски првак, пак, го обезбеди својот 14 медал на последните 16 големи натпреварувања на кои настапи со победа во полуфиналето над олимпискиот шампион Франција со 28-20.
Финалето е на програмата в недела кога Норвешка ќе се обиде да ја освои својата деветта европска титула, додека Данска полседен пат играше финале во 2004 година.