Украина ќе биде противник на македонската женска ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство идната година, одлучи ЕХФ денеска со жрепка.
Македонскиот состав ќе биде домаќин на првиот натпревар на 7 /8 април, додека реваншот е на 11/12 април.
Светското првенство 2023 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, а пласман на завршниот турнир покрај домаќините обезбедија и Франција, Црна Гора и Холандија, како најдобро пласирани репрезентации на ЕУРО2022.
Бараж натпреварите за пласман на СП 2023 беа одредени со жрепка во Љубљана каде утре во финалето на тековното Европско првенство ќе играат Данска и Норвешка.