Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на завршниот АТП турнир во Торино, откако попладнево триумфираше над Американецот Тејлор Фриц со 7-6,7-6.
За Ѓоковиќ ова е осмо финале во кариерата на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери.
Србинот има пет титули зад себе од кои последната во 2015 година.
Негов противник во утрешното финале ќе биде поуспешниот од вториот полуфинален дуел меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Андреј Рубљов од Русија.