Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема поради повреда нема да може да настапи на Светското првенство во 2022 година.
Тој ќе биде првиот играч од 1978 година што ќе го пропушти турнирот по освојувањето на Златната топка.
Во изминатите 40 години, сите добитници на оваа награда учествуваа на Светското првенство.
Турнирот започнува денеска, 20 ноември, а финалето ќе се одржи на 18 декември.
На 34-годишниот Французин му е констатирана повреда на квадрицепсниот мускул на левата надколеница, што нема да му дозволи на играчот да учествува на Светското првенство во 2022 година. Турнирот поради повреди ќе го пропуштат и Кристофер Нкунку, Преснел Кимпембе, Мајк Менијан, Н’Голо Канте и Пол Погба.
Франција во групата Д ќе игра против Австралија (22 ноември), Данска (26 ноември) и Тунис (30 ноември).