Фудбалската репрезентација на Еквадор го доби првиот меч на Светското првенство откако го совлада домаќинот Катар со 0:2. На стартот не беше признат голот на Валенсија со удар со глава по прегледување на ВАР-снимката, но во 16.минута капитенот на Еквадор успеа да постигне гол за водство.
Беше досуден пенал, а Енер Валенсија успеа да го реализира.
Во 31.минута Валенсија постигна уште еден гол и практично ги откажа Катарците. Домашните фудбалери немаа квалитет да се вратат во игра на овој меч.
Видеото погледнете го ТУКА