Мајкл Џеј Фокс доби почесен „Оскар“

Актерот Мајкл Фокс, кој во 80-тите ја воодушеви публиката во ТВ-комедијата „Семејни врски“ и трилогијата „Враќање во иднината“, во саботата доби почесен „Оскар“ за неговото залагање и вложен труд да собере 1.5 милијарда долари за истражување на Паркинсоновата болест.

На Фокс на 29-годишна возраст му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нервно нарушување кое предизвикува тремор и други симптоми.

Подоцна, се повлече од актерството и во 2000. година ја основа Фондацијата „Мајкл Џеј Фокс“ за истражување на Паркинсон, со цел да помогне во финансирањето на потрагата по лек.

„Стојам овде понизно прифаќајќи ја вашата добрина“, рече канадскиот актер на сцената на годишните награди на Гувернерот, каде што доби силни аплаузи од повеќето врвни ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс и Џенифер Лоренс.

Треба да знаете
Последни објави