Роналдо уверен дека судирот со Јунајтед нема негативно да се одрази на Португалија

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо изјави денеска на конференција за новинари во Доха дека неговиот отворен судир со клубот Манчестер јунајтед „нема да влијае” на португалската репрезентација на Светското првенство во Катар.

Роналдо (37) објасни дека „не се сомнева оти оваа неодамнешна епизода”, односно интервјуто во кое рече дека се чувствува „предаден” од неговиот клуб, „како и другите епизоди кои понекогаш се случуваат, можат да ги потресат играчите и негативно да влијаат на репрезентацијата”.

– Не морам да размислувам за што мислат другите луѓе. Зборувам кога сакам. Играчите многу добро ме познаваат со години и знаат каква личност сум. Тоа е амбициозна група која е гласна за успеси и фокусирана. Поради тоа, сигурен сум дека интервјуто нема да ја разниша концентрацијата и фокусот во соблекувалната, изјави Роналдо.

Манчестер јунајтед во петокот соопшти дека „иницирал соодветни мерки” како одговор на острите коментари на Роналдо насочени кон тренерот Ерик тен Хаг во неодамнешното интервју за англиските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави