Серијата без пораз на фудбалската репрезентација на Аргентина заврши по 36 натпревари. Тимот на „гаучосите“ беше на само еден натпревар од рекордот на Италија.
Избраниците на селекторот Лионел Скалони денес загубија од Саудиска Арабија во 1. коло од групната фаза на Светското првенство (1:2). Така, серијата без пораз на јужноамериканскиот тим се заокружи на 36 натпревари. Аргентина не успеа да го достигне рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз меѓу септември 2018 и октомври 2021 година.
Аргентина го загуби првиот натпревар на Светското првенство за прв пат по 1990 година.Тогаш „гаучосите” загубија од Камерун (0:1).
Следниот натпревар Аргентинците ќе го одиграат на 26 ноември против Мексико.