Јапонските навивачи и нивната уникатна култура се хит и на ова Светско фудбалско првенство во Катар. По мечот на отоворањето на Мундијалот во кој настапија домашната селекција Катар и Еквадор останаа на трибините да го исчистат ѓубрето околу нив без разлика што тие не го направиле.
Сме ги виделе и на минатите Мундијали како го чистат ѓубрето пред да заминат од стадионот, а истото го прават и сега и покрај тоа што не се работеше за меч на кој настапуваше нивната репрезентација.
Дел од јапонските навивачи се најдоа на трибините на отворањето на Светското првенство кога се играше мечот меѓу Катар и Еквадор.
Катарците и Еквадорците оставија ѓубре на местата каде што седат, а Јапонците им го исчистија.
Тие велат дека Јапонците не оставаа ѓубре зад себе и не го прават тоа за камери.
Japanese fans at the opening World Cup match cleaned up the stands after Qatar-Ecuador. ????????
Most respectful fans in the world. ????
???? IG/qatarlivingpic.twitter.com/yZHhe0sQNw
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 21, 2022