Италијанските калчолигаши Милан и Рома влегоа во трка за напаѓачот кој го воодушеви фудбалскиот свет со два гола против гордиот Албион. Англија победи против Иран со 6:2, а во поразената селекција најдобар играч беше Мехди Тареми.
30-годишниот напаѓач на Порто е проценет на 25 милиони евра, а двата клуба од Серија А се подготвени да ги платат и да го доведат во Серија А.
Иранецот дојде во Порто летото 2020 година за нешто помалку од пет милиони евра од Рио Аве. Сезонава на 19 натпревари постигна дури 15 гола и забележа осум асистенции.