Повеќе британски медиуми објавија попладнево дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го продолжил договорот со англискиот фудбалски шампион до јуни 2025 година.
Од Манчестер сити, засега, не ја коментираат оваа информација.
Гвардиола има важечки договор со Манчестер сити до јуни 2023.
Шпанскиот стратег седна на клупата на Сити во 2016 година и со клубот од Манчестер освои 11 трофеи, но сè уште нема триумф во Лигата на шампиони.