Светското фудбалско првенство кое се одржува во Катар во невообичаен есенски термин по ногу нешта го привлече вниманието не само на љубителите на најважната споредна работа во светото, туку и во пошироките кругови. Вообичаениот резервиран летен термин за одигрување на Мундијалите беше поместен поради високите температури кои во тој период ги има во земјата домаќин Катар.
Токму високите температури во Катар беа причина сите стадиони на кои се играат натпреаврите се опремени со револуционерен систем за климатизација.
-Играчите ќе го имаат најдоброто искуство во својот живот. Имаме најдобра термичка технологија и најдобри сензори околу стадионот, изјави Сауд Абдул Гани, кој е одговорен за сите стадиони во Катар да бидат опремени за „борба“ со високите температури.
Играчите и навивачите на стадионите ќе уживаат во постојана температура на воздухот од 21 до 23 степени, а сензорите околу стадионот ја одржуваат температурата константна, па дури и се прилагодуваат на условите, како што се сенките или сјајот на сонцето. Преку големи цевки поставени веднаш до тревникот постојано се дува ладен воздух. Поради оваа причина, најстудено ќе им биде на оние кои се во непосредна близина на тие цевки, како што се играчите кои се загреваат крај теренот.
Гледачите можат да уживаат на температура од околу 23 степени.