Најголемата сензација во првите три дена од почетокот на 22. Светско фудбалско првенство во катар ја приреди следкицијата на Саудиска Арабија која вчера со резултаски пресврт ја совлада фаворизираната Аргентина (1:2) предовдена од еден од најдобрите играчи Лионел Меси.
По овој пораз шпанските медиуми го вперија прстот токму кон Меси и тврдат дека тој е причината за поразот на Аргентинците.
– Ваквата победа не натера да се замислиме како Аргентина изгуби од вториот најефтин тим на Светското првенство и како Аргентина на Меси која важи за најголем фаворит токму сега ја заврши низата од 36 натпревари без пораз. Во сето ова изгледа како Меси да е најголемиот промотер на Саудиска Арабија пишуваат медиумите. Тие потсетуваат дека Меси потпишал договор за промоција на Саудиска Арабија.
-Во мај Меси потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија и не може да не се забележи дека оваа земја сака да го добие СП 2030.
Во текстот на „АС“ се наведува дека Меси добил сериозна сума пари за да го „испере“ лошиот имиџ на земјата.
-Меси доби неверојатна сума на пари за да прави промоција на земјата и да го „испере“ имиџот, стои во текстот на „АС“.