Данска нема да гласа за реизбор на Џани Инфантино за претсадетел на ФИФА следниот март по одлуката да се забрани употребата на капитенските ленти One Love на Светското првенство во Катар, кои ја критикуваат дискриминацијата во земјата домаќин.
Претседателот на Фудбалската федерација на Данска, Јеспер Мeлер, за данските медиуми во Катар изјави дека постои можност земјата да го напушти членството на ФИФА.
„Повторно размислував за тоа. Претпоставувам дека ќе има тешкотии ако Данска сама се повлече (од ФИФА). Но, ќе видиме, ако нема дијалог“, рече тој.
Мелер, кој е член на Извршниот комитет на ФИФА, изјави дека проблемите меѓу Данска и ФИФА постоеле и пред самото Светско првенство, но дека „последниве неколку дена се засилиле тензиите со Европа“.
ФИФА во понеделникот издаде предупредување и најави дека играчите што носат ленти One Love веднаш ќе добијат жолт картон.
На првиот натпревар на Данска на шампионатот, кој заврши 0-0 против Тунис, данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит носеше лента со виножито во знак на протест против односот на Катар кон правата на ЛГБТ-заедницата.