Германскиот фудбалски првак Баерн во зимскиот преоден рок нема да купува играч кој ќе го замени повредениот Лук Ернандез.
Дефанзивецот на бундеслигашот од Минхен ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на вчерашниот натпревар кој го почна за својата репрезентација Франција со Австралија (4:1) на Светското првенство во Катар.
Баерн не планира да бара замена,објави новинарот на „Sport1″, Кери Хау, а информацијата ја потврди спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ.
– Се разбира, сите сме во шок и многу жалиме за тоа што се случи. Но Лук е борец и ќе се врати силен. Нема да направиме ништо во зима, рече Салихамиџиќ.