Комити направија спектакл, а Вардар победи поранешен голем ривал, за да најават дека македонската гордост живее и ќе живее и наскоро ќе се врати на старите патеки.
Западот се запали веднаш откако заврши мечот како шлаг на комплетното шоу на најверните навивачи на црвено црните, откако претходно направија уште неколку пиро-спектакли.
Филип Јаневски и Ерен Парталко по еден гол во двете полувремиња ја донесоа победата во пријателскиот меч.