Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед и Португалецот Кристијано Роналдо се догвориле да го раскинат договорот. Преку соопштение клубот од „Олд Трафорд“ објави дека е завршена соработката. Дејли Мејл пишува дека Роналдо предвремениот прекин на догворот ќе го чини околу 16 милиони фунти. Португалскиот ас сега на Светско првенство ќе игра како слободен играч, а нов клуб ќе бара после Мундијалот и ќе може да потпише договор во јануарскиот преоден рок.
Манчестер јунајтед му се заблагодари на Кристијано за големиот придонес во текот на двата мандати минати во клубот во кои постигна 145 гола на 346 натпревари.
Роналдо исто го прокоментира раскинот: „После преговорите со Манчестер јунајтед се договоривме взаемно да ја раскинеме соработката. Го сакам Манчестер јунајтед и навивачите и тоа никогаш нема да се смени. Во исто време чувствувам дека дојде време да барам нов предизвик. И посакувам на екипата успеси во вториот дел од сезоната и во иднина, е рекацијата на Роналдо кој го разбранува „Олд Трафорд“ по интервјуто на 13 ноември во кое говореше без „влакна на јазикот“ и предизвика лавина рекации што кулминираше со прекин на соработката.
Португалецот во Јунајтед помина 7,5 години во два наврати од 2003-та до 2009-та и пола година по враќањето минатото лето. Освои 3 шампионски титули во Премиер лига, 2 Лига Купа, 1 ФА Куп, 1 Суперкуп на Англија, Светско клупско првенство и Лига на шампиони.
Првата „Златна топка“ Кристијано ја доби како играч на Манчестер во 2008 година.