Бразилскиот фудбалски репрезентативец Ричарлисон рече де ка неговиот соиграч Нејмар не е арогантен, откако беше посочен како таков од германските медиуми поради фотографија на Инстаграм.
Реагирајќи на полемиката која во неделата ја предизвика статија објавена во весникот „Билд”, кој го обвини Нејмар за ароганција, Ричарлисон застана во одбрана на својот репрезентативен колега и неговите критичари ги нарече „глупи”.
Станува збор за фотографија на која Нејмар позира со бразилскиот грб на кој на петте ѕвездички кои ги симболизираат петте освоени светски титули во фудбал, напаѓачот на ПСЖ додаде и шеста ѕвездичка
-Тие се арогантни. Ние сме само сонувачи. Веќе долго време ја сонуваме шестата ѕвездичка и ќе ја освоиме, без разлика дали тие го сакаат тоа или не, рече Ричарлсон во одбрана Нејмар.