Легендата на англискиот фудбал и на трофејниот Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам, кој има свој клуб во американската МЛС-лига, Интер Мајами со моќен конзорциум ќе го купува тимот од „Олд Трафорд“. Ваквата веста простигнува откако сопствениците на најтрофејниот англиски тим Манчестер јунајтед, семејството Глејзер потврдија дека донемо одлука да ги продаде своите акции. Веднаш се огласи Бекам кој израсна во Јунајтед и објави дека нема да ја остави работата незавршена и дека ќе се обиде да донесе сериозни нови инвеститори во клубот.
Англиската фудбалска легенда Бекам кој живее во САД за ова им се доверил на своите пријатели. За почеток цената за преземањето на сопственоста на Манчестер јунајтед е пет милијарди фунти.
Засега не е познато кој моќен конзорциум ќе го предводи Бекам, но за Манчестер јунајтед беше заинтересиран саудиски ПИФ на најбогатиот шеик кој нудеше шест милијарди фунти за да го купи клубот, но тогаш Глејзери не сакаа да го продадат.