Селекторот на Бразил, Тите, зборуваше за притисокот врз неговата репрезентацијата пред настапот на Светското фудбалско првенство во Катар.
– Не сум одговорен за 20 години без трофеј, туку само за последните четири години. Историјата на бразилската репрезентација е убава и предизвикува притисок, тоа е точно. Очите на цела земја која е заљубена во фудбалот се вперени кон нас. Ова особено важи за децата, за кои фудбалот е дел од нивното образование. Има притисок, но ние сме мирни. Разбираме дека има можности во животот. Соништата се дел од тоа. Сонуваме да го земеме трофејот и да станеме светски шампиони. Ако не, тогаш сакаме да го покажеме максимумот. Само еден тим ќе стане шампион, изјави Тите.
Бразил последен пат го освои Светското првенство во 2002 година.
Натпреварот Бразил – Србија се игра вечер од 20 часот во Лусаил.