Почина легендарниот ТВ водител Саша Залепугин (91). Тажната вест ја потврди неговата сопруга Тихана Харапин Залепугин која на Фејсбук се прости од него со зборовите:
– Збогум љубов моја, единствена моја – чекај ме.
Саша Залепугин (91) беше еден од најпопуларните телевизиски водители во поранешната држава, со чиј лик и глас поминаа незаборавните неделни попладневни часови. Во пензија ја откри својата инвентивна страна, но телевизијата беше и остана неговата прва љубов.
Од 1971 година беше уредник на забавната програма на РТЗ и почна да ја уредува и води „Неделно попладне“, емисија која влезе во телевизиската историја на Југославија како прототип на мозаично-забавна емисија, која можеби не е надмината до денес со оглед на стандардите што ги имаше Залепугин.
Тој пред точно 40 дена доживеа мозочен удар и оттогаш беше на одделението за интензивна нега во Ребро во Загреб.