Повредата на Нејмар е голем удар за бразилската репрезентација, посебно што постојат шпекулации според кои тој може да биде спречен да настапи и во нокаут фазата на СП во Катар.
Истовремено, репрезентативците се лути и на своите сограѓани, бидејќи Нејмар често е критикуван од бразилските фанови, кои посебно му го замерија инволвирањето на последните претседателски избори на кои јавно го поддржуваше поразениот кандидат Болсанеро.
Сето ова предизвика жестока реакција од Рафиња, кој на својот Инстаграм профил ги нападна Бразилците.
– Аргентинските фанови го третираат Меси како Господ.
– Португалците се однесуваат кон Роналдо како кон крал.
– Бразилците се надеваат дека Нејмар ќе скрши нога. Оваа земја не го заслужува неговиот талент и фудбал, – напишал членот на бразилската репрезентација во Катар.