Лутиот селектор на Иран, Карлос Кеирош влезе во остар напад на германската фудбалска легенда Јирген Клинсман, кој имаше некои контроверзни коментари за „културата“ на иранските фудбалери. По 2:0 побеата над Велс со два гола во финишот на мечот, Клинсман на „Би-би-си“ изјави дека тие вршеле притисок на судијата.
„Да, тоа е во нивната култура. Нивниот начин на правење на работи и затоа Карлос Кеирош одлично се вклопува во нивната репрезнтација. Тој се мачеше во Јужна Америка, не успеа да се квалификува со Колумбија, а потоа ниту со Египет и затоа се врати во Иран. Тоа не е случајно. Тоа е дел од нивната култура и начинот на кој играат, на кој вршат притисок на судијата. Видовте како скокаа од клупата, работеа со четвртот судија, постојано во негово лице“, изјави Клинсман.
“That’s their culture…”
Jurgen Klinsmann confidently asserts that Iranians have a cultural predisposition to cheating in football matches four times in one minute.
Unchallenged.pic.twitter.com/HJiyjjVYo8
— Lowkey (@Lowkey0nline) November 26, 2022
Португалецот Кеирош, кој е поранешен помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед и се врати на иранската клупа во септември, беше бесен и одговори со повеќе пораки на Твитер.
„Драг Јирген, ти ме нарекуваше Карлос, така што е во ред да те викам Јирген, нели? Дури и без да ме познаваш лично, твојата оценка за мојот карактер покажува предрасуди со доза на супериорнст. Без разлика на тоа колку те почитувам за тоа што го направи во фудбалот, тие коментари за иранската култура, репрезентација и моите играчи се срамота за фудбалот. Би сакал да те поканам да дојдеш во нашата репрезентација, да зборуваш со иранските фудбалери и да научиш нешто за земјата, луѓето, поетите и уметноста, алгебрата, илјадагодишната персиска култура и да слушнеш колку го сакаат фудбалот. Како Американец/Германец, знаеме дека нема да навиваш за нас. Нема проблем. И покрај тие коментари, ние нема да имаме предрасуди за твојата култура, корени и потекло. Во исто време, очекуваме ФИФА да те отстрани од Техничката група за Катар. Бидејќи, секако, ќе треба да дадеш оставка пред да не посетиш. Карлос“, напиша Кеирош.