За ново изненадување на 22. Светско фудбалско првенство во Катар се погрижи овојпат Марко кој ја совлада во 2. коло од групата Ф фавиризираните Белгија (2:0). Со овој триумф Мароко направи голем исчекор кон освојуивање на едно од двете позиции во групата кои водат во осминафиналето.
Хаким Зијеш пред заминувањето на пауза ја погоди мрежата на Тибо Куртоа во судиското надополнување, 47. минута, но голот беше поништен поради офсајд. Мароко сепак дојде до водство во 73. минута кога најдобриот голман во Лига на шампиони (ЛШ) за минатата сезона буквално „заспа“, а Сабири од слободен удар го матираше за 1:0.
Белгија немаше што да изгуби и тргна со сите сили кон голот на Мунир, меѓутоа ниту една од скапите ѕвезди на „црвените ѓаволи“ не успеа да постигне погодок за израмнување , па казната стигна преку Абуклал (2:0) на истекот на последните моменти од натпреварот.
Мароко има четири бода на првото место, по што следи Белгија со три, Хрватска има еден, а Канада е без бодови во групата Ф, н о овие две селекции од 17 часот го играат меѓусебе мечот од 2. коло.