Шкендија не го победи и Тиквеш (0:0) во 16. коло од првоилигашката фудбалска конкурен ција на Македонија и нареди четиори кола без победа. Но, затоа пак актуелниот првак Шкупи го држи чекорот со лидерот Струга, откако денеска во Прилеп на домаќинот Победа му дадоа половина дузина голови (6:0).
Работнички за само две минути го реши градското дерби со Македонија ЃП (2:0), а фенерџијата Скопје со пресврт го совлада тимот на Академија Пандев (2:1). Струмичани поведоа со гол на Митровски во 61. минута, но Скопје преку Хајдари во 71. минута и Димов во 84. дојде до целосен пресврт.
Вчера лидерот Струга Трим Лум на гостувањето кај Силекс забележа победа од 2:1. Во ова коло слободна беше екипата на Брегалница.
ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО
Скопје – Академија Пандев 2:1
Хајдари 71, Димов 84 – Митровски 61
Победа – Шкупи 0:6
Хамиди 7, 69, Трапановски 14, Цефас 39, Кевен 85, Алварез 89
Шкендија – Тиквеш 0:0
Работнички – Македонија ЃП 2:0
Рушевиќ 26, Мишевски 28 аг.
ВЧЕРА
Силекс – Струга Трим Лум 1:2
Ристевски 83 – Ибраими 11, Малески 25
Слободна е Брегалница
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 33 бода (15 натпреаври), Шкупи 28 (14), Шкендија 25 (15), Тиквеш 23 (15), Силекс 23 (15), Брегалница 20 (14), Работнички 18 (15),Македонија ЃП 17 (14), А. Пандев 12 (15), Победа 11 (14), Скопје 9 (14).
ИДНО КОЛО(4 ДЕКЕМВРИ): Македонија ЃП – Шкендија, Победа – Скопје, Шкупи – Брегалница, Струга ТЛ – А. Пандев, Тиквеш – Силекс. Слободен е Работнички.