Дербито во групата Е од 2. коло на Светското фудбалско првенство меѓу Шпанија и Германија заврши без победник (1:1) и ги остави отворени картите кои ќе бидат патниците во нокаут-фазата. Покрај фаворизирните Шпанија и Германија на пласман во осминафиналето можата да се надеваат и Јапонија и Костарика. Шпанија и Германија одиграа борбено и возбудливо дерби со повеќе шанси и два гола. Првпат мрежата беше затресена во 40. минута кога германскиот репрезентативец Ридигер погоди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Во 54. минута во тимот на Шпанија шанса од клупата доби Алваро Мората, а само осум минути подоцна на асистенција од Алба постигна гол за водство на „црвената фурија“. И германскиот селектор одговори со ставање на класичен напаѓач. Во игра го уфрли Филкруг кој постигна гол во 83. минута за израмнување на 1:1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.