Катарските сопственици на францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен во догледно време може да продадат дел од клубот, како што најави претседателот на парискиот тим Насер Ал-Хелаифи.
Преговорите со потенцијалните купувачи се во тек. Сопствениците на ПСЖ веруваат дека клубот вреди повеќе од 4 милијарди евра, пишува „Фајненшл Тајмс“.
Ал-Хелаифи, исто така, прецизираше дека финализирањето на кој било потенцијален договор може да потрае со месеци.
По 15 кола, ПСЖ е на врвот во табелата во Лига 1. Тимот на Кристоф Галтие има пет бода повеќе од второпласираниот Ленс.