Репрезентацијата на Мароко ја победи Белгија со 2:0 во вториот натпревар на Светското првенство. Една од најголемите ѕвезди на Мароко, дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, веднаш дотрча до трибините за да ја прегрне мајка си по тој натпревар.
Хакими претходно има истакнато дека неговото семејство било сиромашно и дека неговите родители се жртвувале за тој да успее.
„Мајка ми чистеше туѓи куќи, а татко ми работеше како продавач на тезга. Потекнувам од скромно семејство кое понекогаш се бореше само да преживее. Денес се борам секој ден за нив. Тие се жртвуваа за мене. Моите браќа не можеа да имаат многу работи за јас да можам да успеам“, изјави Хакими.