Канело Алварез, боксерскиот шампион од Мексико е разочаран и лут по видео записот кој се појави во јавноста од кој се гледа како еден од најдобрите фудбалери на денешницата Аргентинецот Лионел Меси при порославата на победата со неговите соиграчи во соблекувалната гази на дресот од мексиканската репрезентација.
-Видов дека Меси го чисти подот со нашиот дрес. Сега нека се моли на Бога да не го сретнам. Како што јас ја почитувам Аргентина, тој треба да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци, туку само за ова сра*е што го направи Меси во соблекувалната и она што сите го видовме“ , порача Алварез.
Looks like Lionel Messi was just removing his boots. pic.twitter.com/H5KSrSRwce
— FT90Extra (@FT90Extra) November 28, 2022