Фудбалерите на Гана ги задржаа шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако денеска ја совладаа Јужна Кореја со 3-2 (2-0) и ги запишаа првите бодови во групата Х по стартниот пораз од Португалија.
Гана на стадионот „Едјукејшн” во Ал Рајан поведе во 24 минута преку Мохамед Салису, а го удвои водството само десет минути подоцна со голот на Мохамед Кудус.
Јужна Корека се врати резултатски во игра во интервал од само три минути преку двојниот стрелец Чо (58, 61), но Кудус со својот втор гол на натпреварот во 68 минута донесе триумф на африканската репрезентација.
Второто коло во групата Х ќе го комплетираат Португалија и Уругвај, вечерва од 20 часот во Лусаил.