Во првиот денешен натпревар на 22. Светското фудбалско првенство Србиај и Камерун одиграа нерешено 3:3 во 2. коло од групата Г. Србите имаат причина да бидат незадоволни од ремито. Прокоцкаа два гола предност за да освојата три бода, бидејќи до 63. минута имаа водство од 3:1.
Камерунците поведоа во 29. минута преку Кастелето, Павловиќ, Милинковиќ-Савиќ и Јовиќ направија целосен резултатски предност. Абубакар во 63.минута намали на 2:3, конечниот резултат го постигна Чупо-Мотинг.
Второто коло од оваа група ќе биде заокружено попладнево по одигрувањето на натпреварот Бразил – Швајцарија (почеток 17 часот).
Табела Г-група: Бразил 3 бода, Швајцарија 3, Камерун 1, Србија 1.
Денес на Мундијалот во Катар се играат и натпреварите од 2.коло во Х-групата:
Јужна Кореја – Гана (14 часот)
Португалија – Уругвај (20 часот).