Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија Драган Стојковиќ – Пикси откако неговите избраници во 2. коло од групата на СП во Катар ремизираа со Камерун (3:3) се најде на тапет кај северниот сосед. Србија после еден час игра имаше водство од 1:3, а тогаш си дозволи да прими два гола со кој се стави во незгодна позиција пред последното коло во групата. На прес-конференцијата после натпреварот Пикси повторно ги истакна проблемите со повредени фудбалери.
-Имавме денес повторно проблем, два централни дефанзивци ни бараа измени, Вељковиќ и Павловиќ, па моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува. Фрустриран сум поради резултатот, играчите навистина сакаа да победат, реагираа одлично, имаше убави акции, посебно за третиот гол кој беше поезија на фудбалот. Но, тогаш дојдоа двата гола на Камерун на идентичен начин. Одиме вечерва да го гледаме вториот натпревар во групата и да навиваме за Бразил. Треба да се биде реален и да се анализира добро…Штета е, имавме период на феноменална игра и целосно го контролиравме натпреварот, поради грешките останавме без победи, изјави Стојковиќ.
Србија се уште има шанса да обезбеди пласман во н оикаут-фазта, меѓутоа за такво нешто мора Бразил да ја победи денеска Швајцарија, но и Камерун во следното коло. Исто така Србија ќе мора да ја победи Швајцарија во нивниот натпревар во последното коло.