Вакво мислење имаа многумина во моментот на погодокот, а доскорешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед првично беше наведена како стрелец, за потоа да биде променето името во Бруно Фернандеш кој ја упати топката кон противничкиот гол.
Проценките се дека и покрај ваквото официјално барање, какво што досега и не е видено на Мундијалите, голот ќе остане запишан на Бруно, а причина за тоа е модерната технологија. СП 2022 во Катар се игра со топка со сензори на допир, па многу е лесно да се открие дали некој играл со неа по ударот на Фернандеш.