Теодосиќ казнет со два натпревари неиграње во Евролигата поради кавга со судија

Евролигата го казни со два  натпревари неиграње кошаркарот на Виртус, Милош Теодосиќ поради конфликт со судијата Дамир Јавор на средбата со Анадолу Ефес (80:85).

Триесет и петгодишниот кошаркар ќе го пропушти натпреварот против Црвена ѕвезда в петок, како и следниот натпревар против Олимпијакос.

На 4:25 минути пред крајот на средбата со Ефес, Теодосиќ доби офанзивен фаул и почна активно да изразува незадоволство од одлуката на судиите. Поради тоа, српскиот дефанзивец доби техничка грешка, по што му пријде и го фати судијата Јавор, по што соиграчите спречија поголем инцидент. 

Треба да знаете
Последни објави