Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата.
Според полицијата, во средата во 11.12 часот по локално време била повикана полиција да ја провери состојбата на „возрасна жена“.
Тие морале насилно да влезат во семејната куќа откако не успеаја да остварат контакт со никого внатре.
Полицијата пронашла пет лица во куќата, од кои сите биле прогласени за мртви , пренесува NBCchicago.
Прелиминарната истрага укажува на семеен инцидент, се вели во полициското соопштение.
Имињата на жртвите не се соопштуваат, а причината за смртта е под истрага.
Според полицијата, нема опасност по општеството, пренесе Телеграф.рс.