Германските фудбалери добија дозвола да мината две ноќи со сопругите и со девојките за време на Светското првенство. Сето ова се случува во пресрет на решавачкиот меч против Костарика во третото коло од групната фаза на Светското првенство.
Поубавите половини беа заедно со германските ѕвезди во изолираното велнес одморалиште Зулал, открива „Билд“. Селекторот Ханси Флик одлучил да ги расположи и да го крене духот на селекцијата оставајќи им простор да бидат до најблиските.
По ремито (1:1) против Шпанија, избраниците на Ханси Флик добија „слободно“ со нивните партнерки, а „Билд“ тоа го опиша како две ноќи исполнети со секс за германските репрезентативци.
Денеска е решавачката битка на Германија за осминафиналето против Костарика.