Поради дефект на водоводна мрежа Ф 1″ на ул.„Кузман Шапкарев” 3б, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците „Кузман Шапкарев”, „Гостиварска”, „Борис Серафов”, „Жеденска”, „Смилевска” и „Црногорска”.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување на дефектот.
Поради водоводен дефект од Ф 100″ мм на ул.7 бр.242 во село Батинци, без вода денеска од 09:00 часот до завршување на дефектот ќе бидат и корисниците од селата Батинци и Лубош.