Вината за превозот во Скопје е кај Арсовска и кадарот на СДС во ЈСП Стојковски, со негов потпис е и набавката на гориво по 2 евра за литар.
СДС да не манипулира со јавноста. Јавноста виде како директорот на ЈСП поставен од Арсовска седи на состанок во централното седиште на СДС.
Директорот на ЈСП е кадар на СДС. Тој заедно со Арсовска е главен виновник за проблемите со превозот во Скопје.
Набавката за гориво од 2 евра за литар е исто така возможна само со потпис на директорот на ЈСП Стојковски, кадар на СДС.
Кристално јасна е коалицијата СДС – Арсовска, а директорот на ЈСП е еден од плодовите на таа коалиција.
Ковачевски и Арсовска да не се кријат, и да не глумат спротивни страни, сите знаат дека имаат тајни средби за договарање на матни зделки, меѓу кои е и оваа зделка.