Израелски војници денеска убија двајца Палестинци при апсење на окупираниот Западен Брег, соопшти армијата и екстремистичкиот Исламски џихад.
Воени извори наведуваат дека Наим Џамал Зубаиди (27) и Мухамед Ајман Сади (26) биле убиени во бегалскиот камп Џенин.
Израелската војска соопшти дека Сади бил истакнат член на Исламскиот џихад и оти бил вклучен во вооружени напади врз војници.
Исламскиот џихад потврди дека и двајцата биле членови на таа организација.
Со месеци израелската армија апси осомничени екстремисти на Западниот Брег. Рациите почнаа минатата пролет пролет, откако во серија палестински напади загинаа 19 лица во Израел.