Владата одобрила покачување на катастарските услуги и до 500%. Лажни се тврдењата на директорот на Агенцијата за Катастар, Тунџев, дека покачувањето е само 30%.
Денес ќе презентираме докази кои покажуваат како власта преку нов Тарифник за услугите удира по џебот на граѓаните, геодетите, нотарите, банките, но во крајна линија народот, зошто тој е краен корисник на сите услуги кои ги пружа системот.
Да почнеме со ред.
-Ако до сега за вадење Векторски податоци од базата на инфраструктурни објекти се плаќало по 183 денари, од сега со дозвола на Владата на Ковачевски ќе се плаќа 1250 денари. Тоа се 583% покачување.
Каде имаме намалување со кое се фали директорот. Впрочем, ако може да се каже намалување, или попрецизно мизерно намалување кое се мери во нула запирка неколку проценти се гледа во некои периферни услуги, кои граѓаните практично многу ретко ги користат. Тука имаме намалување од 0.57% за услугата за вадење на Векторски формат на граници за комплет населени места и исто вакво срамно намалување што не може ниту да се квалификува како такво, а спаѓа во категоријата статистички грешки е вадење на Геореференцирана вертикална претстава на катастарскиот план, услуга која до сега се наплаќала 756 денари, а од сега ќе се наплаќа 750 денари, замислете 6 денари намалување или тоа е намалување од 0.79%.
Владата и Агенцијата за Катастар се погрижиле да ја имаат и најскапата државна услуга не само во Македонија, туку можеби и во регионот, а тоа е воведување на нова услуга, таканаречено издавање на сервис за спој катастарски парцели/ згради, кој за територија на цела Македонија би чинел 1 милион евра.
Со оваа нова услуга, Катастарот на Македонија ја има најскапата јавна услуга на светот и чини 1 милион евра.
Почитувани,
Ова се фактите кои го потврдуваат енормното зголемување на цените, а лагите на Тунџев дека има намалување на услугите на Агенцијата за Катастарот празни ветувања кои ги дава пред граѓаните.