Аргентина ја совлада Полска во 3. коло од групната фаза на 22. Светско фудбалско првенство, по што двете селкеции побезбедија пласман во осминафиналето. славеше со 2-0 против Полска во третото коло од групната фаза, но и двете селекции обезбедија место во нокаут-фазата на Светското првенство (СП) во Катар.
Аргентинците доминираа од почетокот, но Полска го имаше одличниот голман Војчех Шчесни кој успеа да му одбрани и пенал на Лионел Меси во првото полувреме.
Меси и Шчесни имале интересен разговор додека ја чекале одлуката од ВАР-собата по интервенцијата на голманот на Јувентус кој бил убеден дека нема да биде досуден пенал.
-Разговаравме пред пеналот. И му реков се обложувам во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Така да загубив облог и треба на Лео да му дадам 100 евра. Не знам дали тоа е дозволено на Светско првенство, можеби ќе бидам и суспендиран. Но, не ми е гајле. Ама, нема да му платам. Галје му е на Меси за 100 евра?“, рече Шчесни.